Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека постои можна врска помеѓу случаите на венска тромбоза и вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и препорача тоа да се стави на листата на несакани ефекти од вакцината.
ЕМА исто така препорача тромбоцитопенијата да се додаде на листата на несакани ефекти од вакцините на „Џонсон и Џонсон“ и „Астразенека“.
Двете вакцини се одобрени за користење во Европската Унија.