Променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.
Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени.
Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени.