Дали вината за прекумерна тежина ја префрлате на побавен метаболизам поради стареење? Не толку брзо.
Резултатите од новата меѓународна студија се во спротивност со всаденото верување дека метаболизмот постојано се намалува со возраста. До 60-годишна возраст, вашиот метаболизам е ист како кога имавте дваесет години.
Меѓународен тим експерти анализираше бројни параметри од 6.400 луѓе, на возраст од 80 до 95 години од 29 земји низ целиот свет. Откриле дека метаболизмот останал ист во добар дел од „средните“ години.
Го достигнува својот врв до првата година, а од 20-та до 60 -та стабилно се одржува на исто ниво.
За да се утврди ефектот на возраста врз метаболизмот, истражувачите прилагодија фактори како што се големината и тежината на телото (поголемите тела согоруваат повеќе калории за одржување), како и количината на маснотии и мускулно ткиво (мускулите согоруваат многу повеќе калории отколку маснотиите).