Оние граѓани што нема да сакаат да даваат податоци ќе добијат прекршочна пријава, но откако ќе се исцрпат сите можности за убедување тие да се попишат.Нема кривична пријава за тие што не сакаат да даваат податоци, туку е прекршочна.
Нашата намера е да нема вакви случаи. Ние ќе се обидеме на сите можни начини да ги убедиме граѓани да учествуваат и да не одбиваат.
Ако мора, таа постапка ќе ја покренеме и пријавата се однесува на сите членови на семејството што одбиваат.
Ако некој не ја отвори вратата, ќе му дојдеме по 1.000 пати на вратата – порача првиот човек на Државниот завод за статистика.