Владата соопшти дека околу 180 лица треба да пристигнат на аеродромот во Скопје од Авганистан наредните неколку дена, поради што се организираа државен двонеделен карантин, како и пунктови за вакцинација.
–Во овој момент се работи на кооординација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан.
Хуманитарците, вработените во организациите за човекови права и членовите на нивните семејства планирано е да пристигнат на аеродромот во Скопје после што задолжително ќе бидат упатени на 14-дневен карантин заради превенција од КОВИД-19, стои во соопштението на владата.