Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
УВ индексот ќе изнесува 8 мерни единици.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 20 степени, а максималната дневна ќе достигне 38 степени.
Лекарите советуваат хронично болните, трудниците и старите лица да не се изложуваат на сонце и да не излегуваат на отворено од 11 до 17 часот.
Оние кои работат на отворено, се советуваат да пијат повеќе вода и да аплицираат крема со заштитен фактор или да носат тенка, долга и светла облека која ја покрива површината на кожата и ја штити од оштетувања.