Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе има услови и за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се намали за 3 до 5 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7 мерни единици.
Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 36 степени, додека минималната ќе остане иста како и претходно и ќе изнесува 20 степени.