Човечкото невнимание во редок број од случаи може да биде единствен и клучен фактор за предизвикување на пожар.
Најчесто отпушок од цигара која не е угасена, се третира како ризик фактор за предизвикување на пожар.
Но отпушокот од цигара може да предизвика екстензивен пожар во шумски предели само под следниве услови:
- Доколку има ветер
- Околна сува трева
- Борова шума со суви шишарки кои лесно горат и се распрснуваат во горење скоро до 200 метри во дијаметар.
Отпад, како стакло или рефлектирачка фолија не може да предизвикаат пожар лесно.
Во многу мал број од случаи забележано е дека пожарот настанува од овие фактори, но тој број е толку мал што е статистички незначаен.
Најголем фактор за предизвикување на пожари, дефинитивно е човечкиот фактор, но не пожар предизвикан од невнимание.
Напротив скоро 90% од случаите според наводите на еспертите во медиумите се предизвикани со намера.
Ефтим Митров забележува дека правен е тест на обука, со запалена цигара поставена на сува трева и доколку нема ветер тешко ќе дојде до пожар. Ваков обид е направен во контролирани услови, пренесува Фактор.