Предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
Од МВР и „Македонски шуми“ апелираат на зголемена внимателност при движење во шумските предели.
Тоа значи: внимателност во потпалување на оган за скара, фрлање на недогорени отпушоци, стакла или отпадоци со рефлектирачка фолија кои по долго време на сончева изложеност може да предизвикаат оган.
На сила е и забраната за движење во шумските предели, со цел да се заштитат шумите од пожарни, но и луѓето кои се движат во исклучително ризични реони периодов.
Засега локализирани се скоро сите пожари во Македонија, но според Стојанче Ангелов, директор на ЦУЗ, ситуацијата се менува од минута во минута и во секој момент може да ескалира некој од локализираните пожари или некој на нова локација.