Во декември 2019 година, корона вирусот навидум беше ограничен на Кина. Но, неколку недели подоцна, вирусот, кој предизвикува болест позната како KОВИД-19, стана глобална пандемија.
Вирусот, што доведува до респираторно заболување што може да се пренесе од капки телесни течности – како што се слуз и плунка, сега е пријавено во најмалку 188 држави.
Научниците, здравствените службеници и владите ширум светот препорачуваат граѓаните да одржат физичко растојание и да избегнуваат излегување, освен ако не е неопходно.
Според податоците собрани од универзитетот Џон Хопкинс, заразени се повеќе од 16,7 милиони луѓе, а глобалниот број на загинати е повеќе од 660 000. Повеќе од 9,7 милиони пациенти се опоравиле.
Еве неколку земји кои досега не пријавиле никакви случаи на коронавирус:
Кирибати
Острови Маршал
Микронезија
Науру
Северна Кореа
Палау
Самоа
Соломонски острови
Тонга
Туркменистан
Тувалу
Вануату
Извор: Aljazeera.com