По повод 15 години од независноста на Црна Гора, вчера, на 21ви Мај во Скопје е одбележан „Денот на независноста“.
Во организацијата на настанот учествуваа: Истражувачкиот црногорски центар, Едукативен центар – Скопје, винарија „Тиквеш“ и „Матица црногорска“.
Денот на независноста на Црна Гора беше прославен како „Авторски ден на црногорскиот писател Драган Радуловиќ“.
Во присуство на авторот, беа промовирани неколку негови дела меѓу кои „Аушвиц кафе“, „Витези на ништавилото“, како и неговите есеи посветени на големите книжевни имиња Његош и Данило Киш.
Промотер на неговите дела беше д-р Соња Стојменска-Елзесер, претседателска на Друштвото на писатели на Македонија, модератор на настанот беше актерот од МНТ Александар Микиќ, а обраќање кон публиката имаше и авторот.
Тимот на Радио „Мост“ присуствуваше на свечениот настан, а идејата за мултикултурно, интеркултурно и мултилингвално балканско радио, беше пречекано со поддршка од страна на присутните на настанот.