Пандемијата со КОВИД19 не стивнува, – е заклучок што можеше да се донесе врз база на новите светски статистики и рекорден број на новозаболени во некои земји.
Во последните 24 часа во Русија се потврдени 5940 новозаболени со коронавирусот, соопштиле официјалните служби.
Според нивните извештаи во Русија од почетокот на епидемијата официјално се потврдени 777486 заразени лица.
Голем број на заболени во моментот на светско ниво има и во Бразил. Пред неколку дена во Бразил за помалку од еден месец се регистрирани милион заболени со КОВИД19.
За ситуацијата во Бразил се упатуваат критики на работата на тамошниот премиер, кој одбил да донесе протоколи, мерки и препораки за здравствена заштита.
Извор: Канал5