Стотици дози од вакцината на „Астразенека“ против ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со неа, изјави денеска шведски лекар за телевизијата СВТ.
Јохан Стируд од Медицинското здружение на шведската престолнина рече дека нема доволно доброволци за „Аастразенека“, па затоа вакцините мора да се фрлат доколку не се искористат за неколку часа.
Во Шведска давањето на вакцината од британско-шведскиот производител е ограничена на лица над 65 години откога во светот беа пријавени ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект по примањето.
СВТ известува дека некои пациенти ги откажуваат закажаните термини кога ќе дознаат дека ќе примат вакцина од „Астразенека“.
Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), нагласува дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми од ризиците, па ги повика луѓето да се вакцинираат.