Home информација вест Хрватски граѓани се вакцинираа во Србија, но јавноста го сфати тоа како пораз!

Хрватски граѓани се вакцинираа во Србија, но јавноста го сфати тоа како пораз!

0
Хрватски граѓани се вакцинираа во Србија, но јавноста го сфати тоа како пораз!

Покрај граѓани на Македонија, Босна и Херцеговина и Косово кои се вакцинираа деновиве во Србија преку едноставна постапка на електронско пријавување и граѓаните на Хрватска можеа да ја искористат можността да се вакцинираат во Србија.

Сепак, голем дел од хрватската јавност го протолкува заминувањето на хрватските државјани на бесплатна имунизација во Србија како тежок пораз на хрватската држава.

Хрватска е членка на ЕУ и НАТО, а нејзините граѓани се вакцинираат бесплатно во држава која не е членка ниту на ЕУ и НАТО.

На хрватските портали вестта за вакцинирање на Хрватите во Србија се пренесува со наслов: „Тоа што Вучиќ не почасти со вакцини, значи тежок пораз за Андреј Пленковиќ“.

Со дозвола за бесплатна вакцинација на граѓани од околни држави на Србија, српскиот претседател Александар Вучиќ ги освои симпатиите на регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here