Оваа недела, 28 март, во 7.55 часот, во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра зенека“ преку системот „Ковакс“, најави министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
Според најавите од Светската здравствена организација (СЗО), Македонија треба да добие вкупно 100.800 вакцини на „Астра зенека“ преку механизмот „Ковакс“.
Земјава сѐ уште ја нема почнато масовната имунизација на населението поради лимитираните количества вакцини што пристигнаа во изминатиот период.
Со пратката од 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, кои Македонија ги доби од Србија, се вакцинираат здравствените работници, кои се во првите редови во борбата против ковид-19.