Албанија доби 192.000 дози кинеска вакцина Синовак, што е прва група од еден милион вакцини обезбедени по договорот во Турција, објавија локалните медиуми.
–Обезбедивме милион вакцини, напиша албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи, објави Ројтерс.
Рама рече дека Албанија потпишала договор за првични 500.000 дози вакцина „Синовак“, кои треба да пристигнат во рок од 60 дена, и планира да имунизира половина милион луѓе до јуни.
–Тогаш треба да се одлучи да се купат дополнителни половина милион дози од вакцината, додаде тој.
Албанија, која има 2,8 милиони жители и претходно потпиша договор за 500 000 дози вакцина со „Фајзер“, досега вакцинираше над 50 000 лица со „Фајзер-БиоНТек“ и руски „Спутник В“.