Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, истакна денеска портпаролот на Владата на Македонија, Душко Арсовски на заедничката прес-конференцијата со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.
Арсовски нагласи дека учеството во пописот е задолжително и претставува можност за секој граѓанин сам да придонесе во креирање на сопствената и заедничката иднина.
– Учеството е задолжително. Кривично се одговара за поттикнување на бојкот на оваа најважна статистичка операција. За тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра – истакна портпаролот Арсовски и посочи дека одложување не е опција.