Државниот завод за статистика објави дека засега не се предвидува одложување на пописот или негово стопирање бидејќи се е подготвени и попишувањето тече без потешкотии.

Единствено препораките на Комисијата за заразни болести може да го одложат попишувањето на населението доколку проценат дека пописот е ризичен по здравјето на граѓаните.

Во моментот се попишуваат лица од дијаспората преку електронска апликација и согласно извештаите на надлежните пописот се одвива без пречки.

Од 1ви Април до 23ти Април треба да се спроведе попис на домаќинствата во Македонија.

Некои политички партии, движења и граѓани веќе се изјаснија дека нема да соработуваат за пописот под претпоставка дека неговите резултати ќе бидат фалцификувани.

Но Државниот завод за статистика објави дека секој што ќе го попречува пописот и нема да соработува ќе се соочи со кривична пријава и законски предвидена казна.