Десетици угостители и сопственици на ресторани и кафулиња се собраа вчера вечерта пред српскиот парламент на протест против новите мерки на кризниот штаб.
Бидејќи вчера беше објавено дека ќе бидат затворени сите угостителски објекти, кафулиња, ресторани, барови, трговски центри, но и културни институции, салони за убавина и фризери, спортски сали, спортски балони, белградските угостители се организираа „во движење“, преку социјалните мрежи , и излегоа на улиците.
Собраните ја блокираа улицата пред собранието на плоштадот Никола Пачиќ.
Да потсетиме, Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид-19, вчера предложи нови мерки за сузбивање на епидемијата, кои ќе важат од денеска, 17 март до недела, 21 март.
Според новите мерки, сите угостителски објекти ќе бидат целосно затворени, а се очекува истите, па и поригорозни мерки да бидат донесени во понеделник.