ЕУ донесе одлука ковид пасошите или дигиталните пасови со кои ќе може да се патува во земјите од Шенген зоната да бидат со потврда од примени вакцини кои ги одобрува ЕК.
Засега ЕК даде одобрение на сите вакцини, освен на кинеската вакцина од „Синофарм“ и на руската вакцина „Спутник V“.
Додека голем број држави од Европа набавуваат вакцини од Русија или Кина поради експедитивноста во доставата, ЕУ одбива да преземе одговорност во случај на нежелни нус-појави од вакцинацијата.
Многумина овој потег на ЕУ го коментираат како опструкција на руската и кинеската вакцина на територијата на ЕУ и нивно дискредитирање.
Досега се покажа дека руската и кинеската вакцина имаат голема доза на ефикасност, а доставата на вакцините е експедитивна.