Во понеделник ќе се потпише договор за набавка на 200 илјади вакцини од Кина за КОВИД19.
По потпишувањето, очекувањата на здравствените власти се дека за најкус можен временски рок тие ќе стигнат во замјава.
Покрај кинеските вакцини земјава обезбеди 800 илјади вакцини преку КОВАКС системот, а за исто толку се преговара и со произведувачот „Фајзер“.
Според министерот за здравство Венко Филипче првата количина на вакцини е сосема доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае честири до шест или седум недели.