Човечкото невнимание во редок број од случаи може да биде единствен и клучен фактор за предизвикување на пожар.

Најчесто отпушок од цигара која не е угасена, се третира како ризик фактор за предизвикување на пожар.

Но отпушокот од цигара може да предизвика екстензивен пожар во шумски предели само под следниве услови:

  • Доколку има ветер
  • Околна сува трева
  • Борова шума со суви шишарки кои лесно горат и се распрснуваат во горење скоро до 200 метри во дијаметар.

Отпад, како стакло или рефлектирачка фолија не може да предизвикаат пожар лесно.

Во многу мал број од случаи забележано е дека пожарот настанува од овие фактори, но тој број е толку мал што е статистички незначаен.

Најголем фактор за предизвикување на пожари, дефинитивно е човечкиот фактор, но не пожар предизвикан од невнимание.

Напротив скоро 90% од случаите според наводите на еспертите во медиумите се предизвикани со намера.

Ефтим Митров забележува дека правен е тест на обука, со запалена цигара поставена на сува трева и доколку нема ветер тешко ќе дојде до пожар. Ваков обид е направен во контролирани услови, пренесува Фактор.