Француската Влада планира укинување на 800 000 работни места во земјата во текот на идните месеци, јави дописникот на МИА.

Според министерот за економија Бруно Ле Мер, тоа ќе биде „голем шок“.

-Нашата проценка е дека во текот на идните месеци ќе имаме укинување на 800 000 работни места, односно 2,8 отсто од сите работни места, изјави тој за време на сослушувањето пред Комисијата за финансии на француското национално собрание.

Светска банка предвидува најголема економска криза и рецесија на глобално ниво после Втора светска војна досега.

Извор: sitel.com.mk