Или во слободен превод, знаењето не е доволно, мораме да го примениме, волјата не е доволна, мораме да ја преточиме во акција. Овие неколку зборови на легендарниот Брус Ли, кажани пред повеќе од половина век претставуваат вечна мудрост која е применлива во секое време и во секоја ситуација. Поради големината на овој човек, цели генерации на млади луѓе се формираа во здрави личности со изградени правилни системи на вредности. Не, боречките вештини не се само начин како да се одбраниш или победиш физички некого во борба, боречките вештини се филозофија, уметност, за некого, тие се смислата на животот.
Главната филозофија која го водела Брус во животот не била ниту еден веќе трасиран правец, тој користел делови од (или бил под импресии на) Таоизмот, Џиду Кришнамурти и Будизмот, но неговиот правец бил тотално спротивен на конфучијанството. Малку познат факт е дека покрај неговите студии по драма, тој студирал и источна и западна филозофија на универзитетот во Вашингтон. Во неговата голема библиотека, покрај текстовите (некои од нив и древни) за боречки вештини, најголем дел од литературата била доминантно филозофска. Дури и неговите дела кои се првенствено книги за боречките вештини (конкретно за неговиот стил Џит Кун До) проткаени низ страниците се и филозофските ставови на Брус, кој суптилно влијаат на сите негови следбеници, кои преку боречката вештина, се запознаваат со животната филозофија на Брус Ли. Подоцна и во неговите филмови, почнува се почесто да уфрла филозофски пораки, како познатиот монолог од филмот Во Змејското Гнездо (Enter the Dragon од дамнешната 1973 год.) – „It is like a finger pointing away to the moon, don’t concentrate on the finger, or you will miss all that heavenly glory” – Или тоа е како прст кој покажува кон месечината, но не се фокусирај на прстот, зошто ќе ја пропуштиш целата таа рајска убавина, покрај тоа што ваквите пораки прават интересни (и до некаде комични реплики низ филмовите на Брус Ли) тие се многу важен слој на севкупното негово творештво.
Самата боречка вештина која ја создава Брус Ли е Џит Кун До (Jeet Kune Do) или во превод пат на пресретнувачката бокс (The way of the intercepting fist), во која тој главниот фокус го дава на еден многу филозофски начин, впиј го корисното , отфрли го тоа што е бескорисно, додај го тоа што е само твое (Research your own experience. Absorb what is useful, reject what is useless, add what is essentially your own) низ една ваква филозофија и со комбинирање на техники од источни и западни боречки вештини, создава систем кој е уникатен и применлив во реална ситуација.
Она што е многу важно да се спомне е дека неговите следбеници (ученици на негови ученици и на нивни ученици) покрај ширењето на боречката вештина, исто така се залагаат и за продолжување на животната филозофија на овој голем човек.
И за крај уште една голема мисла на овој неповторлив човек, „Ако навистина го сакаш животот, не го троши времето, зошто животот е составен од време.“ (If you truly love life, don’t waste time, for time is what life is made up of).