Терористите не се откажуваат од „Шарли Ебдо“ – Уште еден напад со мачета во близина на канцелариите на Шарли Ебдо

1147

Утрово се случи напад со мачета во Париз во близина на поранешните простории на Шарли Ебдо, местото на нападот во јануари 2015 година, во 11-от арондисман во Париз.

Четири лица се повредени, а двајца се во сериозна состојба, пренесува Ле Паризиен.

Меѓу повредените има вработена во продуцентската куќа Премиер Лајнс, соседи на поранешните простории на сатиричниот весник и жена од компанијата Бокод.

Сите повредени се пренесени во болница.

Извор: BFRMTV / Канал5