Студенти од Универзитетот во Манчестер во саботата организираа забави „Ковид Позитив“ во универзитетските сали на кампусот , што е само еден од почестите случаи на ризично однесување на академиците за време на построгите мерки против ширењето на пандемијата, пишува британски Гардијан.

Можете да одите на таа забава само ако бевте позитивни на короната. Да не дојдеше полиција, таа забава ќе беше многу голема, рече еден студент по физика од Универзитетот, додека управата на универзитетот рече дека е “свесна за инцидентот” и дека најостро го осудува ваквото неодговорно однесување.

Според Дејвид Реган, директор за јавно здравје во Манчестер, стапката на инфекција во возрасната група на градот од 17 до 21 година сега е 2.935 за секои 100.000 луѓе, што е скоро шест пати повисоко од остатокот од Манчестер, кој и сега има најголема стапка во Велика Британија.

До недела, 1.041 студент на Универзитетот во Манчестер беше позитивен на корона , а повеќето живееја во кампусот.

Низ Велика Британија, универзитетските градови забележаа повисоки стапки на инфекција откако студентите пристигнаа минатиот месец.

Универзитетот во Манчестер во вторникот објави прекинување на сите часови, бидејќи вирусот продолжува да се шири меѓу 40 000 студенти.

Извор: Nova Ekonomija