Институт за мир и развој (ИНСПАД) ја вклучи Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на списокот на 10-те највлијателни муслимани во светот.


Инспад, кој работи во Пакистан и Белгија, ја номинираше Емине Ердоган за годинешната меѓународна награда за мир, пишува Дејли Сабах.

Претседателот на Инспад – Мухамед Тахир Табасум за новинската агенција „Анадолија“ изјави дека Емине Ердоган придонесе за социјалниот развој фокусирајќи се на зајакнување на статусот на жените, заштита на животната средина, културата и уметноста.

Инспад има 5.000 амбасадори на мирот и повеќе од 12.000 членови од различни земји. Тој избира влијателни муслимани низ целиот свет секоја година, според „Дејли Сабах“.

Извор: Novosti.rs