Изборите кои се одржаа на 15ти Јули, среда, според претставниците на ДИК, но и на лидерите на политичките партии поминаа во демократска, мирна и достоинствена атмосфера.

Здравствените протоколи предложени од Комисијата за заразни болести се испочитувани доследно, согласно проценката на дотогашниот министер за здравство – Венко Филипче.

Сепак, при обработката на гласови ДИК направи низа пропусти кои ги наведоа политичките партии да се сомневаат во извесноста на изборните резултати.

Прво ДИК доцнеше со објава на резултатите, па потоа, изјавија дека страницата им е хакирани и поради технички проблеми не може да ги објават резултатите од гласањето.

Следната верзија беше дека непосредно пред изборите нарачале нова софтверска алатка која треба да ги обработи статистички и репрезентира изборните резултати, но дека таа не била соодветна за примена.

Кои и да беа оправдувањата на ДИК скоро сите политички партии ги обвинија поради непрофесионалност во постапувањето, но и поради нетранспарентност.

Некои политички партии како „Левица“ и „Интегра“ тврдат дека грешката на ДИК може да ги чини пратеник во Собрание, а лидерот на „Интегра“ најави дури и кривична пријава против ДИК.

Со слични реакции настапија и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои сметаат дека несоодветната обработка на гласови им „украла“ по некој пратеник, па обвинувања и претставки до ДИК е најавено дека ќе се поднесат од страна на двете најголеми партии од македонскиот блок.

Дали пропустите од работењето на ДИК кои се очигледни ќе донесат голеи промени во изборните резултати и за некого ќе донесат нови победи, а за други нови порази или целосен пресврт, останува да видиме.