Пократка работна недела, подолго породилно отсуство, договори на определено време само во исклучителни услови, враќање на старосна пензија по остварен стаж, но и по дејност. Синдикатот ги испорача своите барања за заштита на работниците до новата Владата, која ќе се формира по изборите. Велат дека новиот закон ги содржи европските и светски тенденции во работата.

-Се залагаме за договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови и со траење до една година, 38 часовна работна недела, породилно отсуство во траење од 12 месеци, доследно почитување на правото за уредување на плата со закон и КД, целосно остварување на правото на годишен одмор, сабота и недела денови на неделен одмор, унапредување на здравите и безбедни услови за работа во компаниите, изјави Дарко Димовски, претседател нa ССМ.

Работниците извршуваат различни задачи по тежина, затоа Синдикатот ќе се залага и за воведување повеќе услови за пензионирање. Правото кој начин ќе го изберат да биде на самиот работник.

Со однос на политичките програми кои се предолжени од политичките партии, без разлика на тоа кој ќе ја формира новата влада, работничките и социјалните права не се во фокусот на партиските програми барем не во делот во кој се постулирани барањата на ССМ.

Извор: sitel.com.mk