Актуелниот, но по најавите изгледа и идниот министер за здравство Венко Филипче се огласи на својот Фејсбук профил и објави добри вести поврзани со КОВИД19.
Во изминатите денови се зголемува бројот на оздравени пациенти од КОВИД19, а се намалува бројот на нови заразени пациенти.
Според досегашните расположливи статистики вкупно 10.52 пациенти оздравеле од КОВИД19 и се вратиле на своеите секојдневни активности.
Во продолжение интегралната објава на министерот за здравство на неговиот Фејсбук профил:
10.052 пациенти оздравеа од ковид-19! Тоа се наши деца, родители, пријатели, баби и дедовци. Тоа се личности кои се вратија на секојдневните животни активности. Изминативе неколку недели бележиме зголемување на бројката на оздравени лица од коронавирус, а се намалува и бројот на активни. Само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца, и редовно да ги миеме рацете. Нема ништо поважно од здравјето и човечкиот живот.