дома информација вест По ненајавената и тајна инаугурација, Лукрашенко целосно ги растури простестите во Минск...

По ненајавената и тајна инаугурација, Лукрашенко целосно ги растури простестите во Минск со водени топови и масовни апсења

710
0

Вечерва белоруската полиција растури илјадници демонстранти со водени топови кои протестираа во Минск по ненајавената инаугурација на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за шести мандат на чело на државата.

Неколку илјади луѓе протестираа вечерва во центарот на Минск, а полицијата уапси десетици, пренесува агенцијата Франс прес.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не ве избравме вас“, „Не стапивте на функција, станавте целосно сенилни“.

Протестот се одржа кај споменикот на загинатите во Втората светска војна.

Претходно, Лукашенко положи заклетва за нов претседателски мандат, и покрај протестите и барањата да се повлече од функцијата по 26 години владеење.

Инаугурацијата, која претходно беше најавувана како важен настан, се одржа ненадејно вчера.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.