Член на кризниот штаб и познатиот пулмонолог Бранимир Несторовиќ се пофалил на својата страница на Фејсбук дека ја објавил книгата „Меѓу два света“.
Несторовиќ во нашиот регион стана познат по контроверзни изјави поврзани со епидемијата предизвикана од КОВИД19.
Тој на почетокот тврдеше дека вирусот е смешен и дека најчесто ги напаша машките тела, што значи дека жените може слободно да одат на шопинг во Милано (каде беше европското жариште на пандемијата).
Подоцна тој ги ревидираше и промени своите ставови, а сега тврди дека корона вирусот се „однесува“ многу нетипично за групата на вируси каде што припаѓа и дека е сосема нов феномен во медицинската литература и пракса.
Извор: Новости