дома информација вест Пандемијата ги зачестила кошмарите кај луѓето низ светот

Пандемијата ги зачестила кошмарите кај луѓето низ светот

713
0

Истражувањето на финските научници во кое учествувале 4.000 Финци покажа дека луѓето имаат повеќе кошмари за време на спиењето од вообичаено, поради пандемијата со КОВИД-19.

Тие им ги раскажале своите соништа на научниците од универзитетот во Хелсинки кои ги имале за време на карантинот поради пандемијата на почетокот од годината.

Соништата за изгубени пасоши, затворените граници, многу луѓе во мали простории и за смртта се повторувале меѓу доброволците кои биле дел од истражувањето.

Ракувањата и прегратките исто така биле дел од кошмарите. Луѓето кои сонувале за нив, го толкувале како незаконско кршењето на правилата за оддржување на физичко растојание.

Извор: Нова Македонија