дома информација вест Отсега Хепатит Ц е излечива болест, а научници кои открија лек, денеска...

Отсега Хепатит Ц е излечива болест, а научници кои открија лек, денеска добија Нобелова награда за медицина

697
0

Добитници на годинешната Нобелова награда за медицина се двајца американски и еден британски научник кои успеаја да го идентификуваат вирусот на хепатит Ц, кој предизвикува цироза и рак на црниот дроб, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

Наградите ги добија Харви Алтер, Чарлс М. Рајс и Мајкл Хоутон, пренесува Си-Ен-Ен.

Во образложението на наградата се наведува дека тие откриле вирус што се пренесува преку крв, а вирусите А и Б не можеле да бидат објаснувачки за таа форма на болест, како и дека нивната работа овозможила крвни тестови и нови лекови кои спасиле милиони животи.

-Благодарение на нивното откритие, сега се достапни многу чувствителни крвни тестови за вирусот, што овозможија брз развој на антивирусни лекови насочени кон хепатитис Ц. За прв пат во историјата, болеста сега може да се победи се наведува во образложението на комитетот.

Освен златниот медал, добитниците на наградата ќе добијат и нешто повеќе од 1,1 милиони долари.

Нобеловата награда за медицина е прва од шестте што се доделуваат до 12 октомври, а други се наградите за физика, хемија, литература, мир и економија.