Најновото истражување и податоците собрани од кинеската лунарна сонда укажуваат дека освојувањето на Месечината и нејзината колонизација нема да бидат лесни.

Вселенското зрачење на Месечината е два до три пати поголемо отколку на Меѓународната вселенска станица, што ќе биде најголема опасност за истражувачите во иднина, откри кинеската лунарна сонда Чанг-4.

Nasa names companies to develop Moon landers for human missions - BBC News

Кино-германскиот тим во американското списание „ScienceAdvance“ презентираше податоци за зрачењето собрано од Чанг-4, кинеска сонда, која слета на крајната страна на Месечината во јануари 2019 година.

Овој пронајдок е прво целосно мерење на изложеноста на зрачење на Месечината. Податоците се од витално значење за потфатите што ги планира НАСА, но и за сите други субјекти кои планираат да испраќаат астронаути на Месечината.

Високото ниво на зрачење е неочекувано меѓу научните кругови и носи со себе голем број проблеми што можат да ги попречат плановите за подолги истражувачки мисии планирани на Месечината во иднина.

Извор: Alo rs