Патека во должина од 3452 метри на Водно, наменета исклучиво за велосиди е пуштена во употреба од денеска.

Ова е прва патека за велосипеди на Водно која е направена по највисоки стандарди и на која се дозволува премин само и исклучиво на велосипедисти.

Градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов денеска го прогласи официјалното отворање на патеката.

Овој проект има за цел да ги поттикне спортските активности кај луѓето и да им овозможи услови за велосипедизам во планинска средина.

Извор: МИА