На вчерашната седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, за целосно отворање од петок на сите гранични премини во државата, за непречено движење на патници и возила.

Патниците на граничните премини не треба да приложуваат негативни ПЦР- тестови за Ковид- 19 и нема да бидат праќани во домашна самоизолација или во државен карантин, како во претходниот период. Владата одлучи од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром во Скопје и охридскиот „ Свети Апостол Павле “.

Согласно овие одлуки, ќе биде укината забраната за организиран превоз , која исто така стартува од петок.

Угостителските објекти нема да имаат ограничување на работното време до 22 часот како до сега, туку ќе работат согласно одредбите на лиценцата за работа што ја имаат.

Извор: telma.com.mk