дома животен стил Од начинот на кој луѓето ја употребуваат заменската форма „Јас“ може да...

Од начинот на кој луѓето ја употребуваат заменската форма „Јас“ може да откриете за каков профил на луѓе се работи

780
0

Јас е заменка на прво лице еднина, но начинот на употреба на оваа заменка многу открива за тоа односот на лицето кон себе и кон останатите.

Обрнете внимание на начинот на употребата и дознајте што таа форма на употреба на заменката „јас“ значи:

Јас во комбинација со ти

Ако вашиот соговорник прво употреби заменка форма јас пред заменска форма ти во една реченица, тогаш станува збор за лице кое на работите гледа низ субјективна призма. Тоа лице секогаш тргнува прво од себе, своите искуства и вредности во интрпретирање на одредена ситуација.

Доколку вашиот соговорник употреби прво заменка форма ти, па заменка форма на јас во иста реченица, тогаш станува збор за лице на кое му е исклучително важно што ќе мисли и каже соговорникот за него. Тој е поготвен да ги види и работите од друг агол, но овој тип на луѓе многу често може да бидат зависни од туѓото мислење и постојано да се трудат да се допадливи за средината.

Јас во комбинација со ние

Ние е заменска форма во прво лице множина. Од начинот на употреба на заменските форми во една реченица може да откриете многу за позицијата на поединецот во групата и неговиот однос со припадниците на групата.

Ако вашиот соговорник употреби заменска форма јас и другите, тогаш станува збор за интровертно лице, кое веројатно нема добра позиционираност во групата. Тој на членовите од групата гледа како на „друго“ од себе, односно како негација на неговото јас (не-јас).

Ако вашиот соговорник употреби формулација јас и останатите, тогаш себе се перципира како главна фигура во групата. Сепак ваквата личност има самодоверба која често не може да ја оправда со своите капацитети, па делува преарогантно за другите членови на групата што е причина за неговата лоша позиционираност во групата.

Ако вашиот соговорник употреби формулација јас и мојот тим, тогаш имате работа со лице кое силно се идентификува со групата каде што припаѓа, а неговата лојалност другите членови ја наградуваат со тоа што му даваат статус на лидер во групата.