дома информација вест Од денеска се враќаат на работа хронично болните, мајки на деца до...

Од денеска се враќаат на работа хронично болните, мајки на деца до 6 години и жени кои користеа продолжено породилно отсуство

848
0

И покрај апелите на ова категорија граѓани да се продолжи правото на нивно отсуство од работа, владата донесе одлука од денеска тие да се вратат на своите работни места.

Мајките на деца до 6 години, но и на повозрасни деца во изминатите периоди најавуваа протести против одлуката на владата.

Причината беше ограничениот број на деца кои се запишуваат во градинките и заканата по здравјето на децата од зараза со корона вирусот.

Комисијата за заразни болести подготви протокол за отворање на училиштата и градинките поради што се создаде можност за згрижување на децата во градинките, а со тоа и враќање на родителите на работа.