дома информација вест Новоизбраната влада со ветување дека ќе работи на економски развој и зголемување...

Новоизбраната влада со ветување дека ќе работи на економски развој и зголемување на минималните плати до крајот на мандатот

758
0

Новата влада предводена од СДСМ и од претседателот Зоран Заев има план за иновативна, стабилна, конкурентска економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, зголемување на минималната и на просечната плата.

Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%.

20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат се целите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Денеска беше изберена новата влада, која брои помалку министерски места од претходната и таа вети дека ќе работи посветен и вредно во остварување на програмите кои главно ќе бидат фокусирани на економскиот раст и справување со последиците од корона вирусот.

Извор: Сител