Пред да ја фрлите кората од портокал имајте на ум дека може да ја искористите на многу начини. Поради јакиот и пријатен мирис идеална е како освежувач на просторот.
Кората пред се треба да се осуши, сомеле и стави во платнени торбички кои потоа се ставаат во фиока и на места каде се појавува мувла и непријатна миризба.
Кога кафеавиот шеќер ќе се стврдне од стоеење се што треба да се направи е да парче од кора треба да се стави во сад со шеќерот и после саат време тој ќе омекне. Кората може да послужи и како природан пилинг за тело. Ставете ја кората во газа, добро је стегните и втријте ја на телото додека се туширате.
Наместо со часови да ја чистите маснотијата од стаклото на рерната, можете да го направите тоа многу полесно и побрзо со таблета за миење садови.
Потопете го белиот дел од таблетата за миење садови во топла вода, но не смее да биде врела за да не се истопи. На стаклената површина од релната нанесете ја таблетата, а потоа исплакнете со сунѓер и чиста вода.
Откако ќе ја исчистите рерната во неа може да остане непријатен мирис. За да ни мириса убаво рерната ставите кора од портокал и ќе ја вклучите рерната на 180 степени половина час. Не само што рерната ќе мириса свежо, туку и целата кујна.
Ако имате непријатниот мирис на чевлите ставете во нив кора од портокал и оставете ја да постои преку ноќ. Таа ќе ја впие влагата и ќе остави свеж и пријатен мирис.
Еден од најдобрите начини за да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот е кора од портокал. Посолете ја кората и ставете ја во задниот дел на фрижидерот.
Ако сакате да имате блескаво бели заби без скапи посети на стоматолог, се’ што треба да направите е да ги истриете забите со кора од портокал од сите страни. Резултатите веднаш ќе бидат забележливи.
Извор: novosti.rs