Како дел од програмата Артемис, целта на агенцијата е да испрати маж и жена да слетаат на Месечината, првото човечко враќање на ова место од 1972 година.
Американската вселенска агенција НАСА објави планови во вредност од 28 милијарди долари за враќање на Месечината до 2024 година – и првиот астронаут ќе биде вклучен во таа мисија.

Но, овој распоред е условен од фактот дека сè уште не е познато кога Конгресот ќе одобри 3,2 милијарди долари за изградба на системот за слетување.

Астронаутите ќе патуваат со вселенското летало „Орион“, капсула која личи на „Аполо“ и треба да биде прикачена на моќната ракета СЛС.

Извор :BBC ;