Банките почнаа проверуваат мислењето на граѓаните околу можноста за дополнително продолжување на рокот за одложено плаќање на ратите за кредит.

Прашалникот кој дел од нив почнаа да го испраќаат до корисниците ги содржи прашањата дали тие се задоволни од досегашното одложување, кое има важност до 30-ти септември и дали би имале потреба од ново.

Од Македонската Банкарска Асоцијација велат дека се целосно посветени на изнаоѓање на решенија за надминување на проблемите предизвикани од корона-кризата, но до овој момент не се предвидени нови услови.

Одложувањето на уплатите за кредити беше дел од владините мерки за ублажување на економските последици од епидемијата предизвикана од КОВИД19.

Извор: Канал5