Стотици жени вчера протестираа во Париз поради именувањето на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи и Ерик Дипонд-Морети, кој е именуван за министер за правда, а беше многу критичен за движењето „#MeToo“.

Дарманин е под истрага за наводно силовање. Судот пред две години го отфрли случајот против Дарманин, но минатиот месец судот во Париз нареди повторна истрага за наводното силување.

Демонстрантките бараа негова оставка и носеа порака „Сексистичка Влада, феминистичка освета“.

Граѓаните на Франција често се организираат на масовни протести како одговор на случувањата во јавната и политичката сцена и претставуваат чувар на демократските принципи на уредување.

Извор: sitel.com.mk