Секоја надворешна интервенција во оваа земја би довела до интернационализација на прашањето, вели францускиот претседател.

Руската интервенција во Белорусија би била најлошата работа што може да се случи, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.

„Секоја странска интервенција во Белорусија би довела до интернационализација на прашањето, а руската интервенција би била најлоша“, рече тој откако рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да ги испрати своите сили доколку се влоши ситуацијата во Белорусија.

Макрон рече дека тој и германската канцеларка Ангела Меркел не сакаат „ситуацијата во Украина“ да се повтори.

Прифатете ја медијацијата на ОБСЕ

„Ние сме за тоа дека Русија започнува дијалог за Белорусија, помагајќи ни и убедувајќи го [белорускиот претседател Александар Лукашенко] да прифати медијација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа [ОБСЕ]“, додаде францускиот претседател.

Во четвртокот, Путин изрази подготвеност да испрати полициски сили во Белорусија доколку се влоши состојбата со протестите на граѓаните кои ги оспоруваат претседателските избори одржани на 9 август.

Европскиот министер за надворешни работи Јосип Борел во петокот ја повика Русија да се воздржи од интервенирање во Белорусија и да го „почитува демократското право“ на луѓето во таа земја.

Извор : Aljazeera Balkans;