Македонија пред ново вето, нов дипломатски спор со Бугарија – Следно е откажување од јазикот и историјата од 1903 наваму?!

1229

Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт.

Јавноста овој став на Бугарија го протолкува како закачнувачки и предупредувачки во поглед на преговорите со ЕУ.

Засега единствена пречка кон ЕУ членството беше спорот со името со Грција, но по промена на уставното име Грција не најавува нови блокади на евроинтегративните процеси.

Бугарија испрати објаснувачки меморандум до Брисел по повод најавите за прогрес на евроинтегративните процеси во Македонија.

Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија” во Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Извор: МИА