Често се прашуваме кога е вистинско време за појадок, дали треба да имаме фиксно временско ограничување кога треба да го земеме нашиот прв оброк, колку часа по будењето треба да внесеме храна и сл.
Долго време на овие простори важело правилото дека веднаш по станување од кревет, треба да се подготви првиот оброк и да се појадува пред да се излезе од дома.
Но, експертите за здрава исхрана дојдоа до сосема спротивни сознанија.
Иако за време на спиењето човек не конзумира храна, па потребите за храна треба да ги надокнади наскоро по будењето, сепак треба да постои мало воздржување од храна во најмалку 2 часа по будењето.
Тие два часа се клучни за прочистување на организмот бидејќи тој процес може да не е завршен во текот на спиењето од причина што виталните функции на организмот се намалени. Па така и варењето на храната и метаболичките процеси се далеку поспори во текот на спиењето.
За целосно прочистување на организмот пред нов внес на храна, треба да поминат најмалку два часа, на пример ако вообичаено време на будење ви е 7 часот, тогаш првиот оброк треба да ви е најрано во 9 часот.
И покрај тоа што не се препорачува конзумирање на храна, можете процесот на прочистување на организмот да го подобрите и забрзате со следните состојки:
Чај
Чај без засладувач е одличен избор за „празен желудник“. Тој брзо ќе се апсорбира во вашиот организам, на тој начин ќе ги искористите неговите лековите својства. Чајот исто така помага во прочистување на организмот.
Вода
Прво нешто по што треба да посегнете наутро е чаша со вода. Водата ќе направи детално прочистување на вашиот организам.
Кафе
Шоља кафе после неколку чаши вода, исто така може да го забрза метаболичкиот процес и да ви помогне побрзо да се ослободите од токсините во вашето тело.