дома информација Канадска студија открива која е причината за смртност кај млади пациенти заразени...

Канадска студија открива која е причината за смртност кај млади пациенти заразени со КОВИД19:

722
0

Мозочниот удар може да биде првиот симптом на КОВИД-19 кај млади пациенти, покажува новото канадско истражување.


Мозочните удари се јавуваат релативно често кај пациенти со КОВИД19 и имаат тенденција на разорни последици, според најновата студија направена во Канада скоро секој петти пациент примен во болница, доживува мозочен удар.

Студија објавена во вторникот во списанието „Неврологија“, откри дека стапката на смртност кај пациенти со КОВИД-19 кои исто така имаат мозочен удар е „екстремно висока“.

Истражувачите откриле дека околу 1,8 проценти од пациентите со КОВИД19 доживеале мозочен удар или кога биле примени во болница или непосредно пред тоа.

Таа бројка може да изгледа мала, но се претвора во голем број случаи, со оглед на тоа што милиони луѓе ширум светот се хоспитализирани со оваа болест, изјави постар автор на студијата Лучијано Спосато, вонреден професор по неврологија на Универзитетот во Западен Онтарио.

Извор: Novosti.rs