Позната блогерка од Канада ни го покажува целиот процес на чистење и избелување на патиките во видео кое го имаат прегледано голем број на луѓе.
Барем еден пар бели патики ни треба во текот на пролетта и летото. Лоша работа е што белите патики по неколку носења брзо се валкаат.
Пред да ги фрлите старите патики прегледајте го краткото видео.
Иако на пазарот има голема понуда на средства за избелување и чистење на дамки, тие не успеваат да ги отстранат сите нечистотии. Ви прикажуваме еден трик корак по корак, кој може да го примените на своите патики пред да ги фрлите во канта за отпадоци.
Блогерката користеше обична паста за заби која со помаш на четка за заби ги изчетка патиките. Но пред четкањето патиките ги стави во топла вода со малку детергент за миење алишта. Потоа га помина патиките со паста за заби и препорача за подобар резултат да се користи паста за избелување на заби.
Сите пасти имаат во себе сода бикарбона, која делува како абразивно средство и помага при отсранување на дамките, исто како и кога ги чистиме забите . По третманот со пастата блогерката ги потопи патиките во канта со средство за белило да одстојат 6 саати и на крај ги испра во машина за миење алишта.
Извор: novosti.rs