Кожата е приказ за вашата грижа кон сопственото тело и предуслов за убавина. Луѓето кои се здрави, внимаваат на својата исхрана, ментална и телесна хигиена имаат убава и свежа кожа.
Обично сите болести се манифестираат на кожата, па затоа кожата е симбол на здравјето. Луѓето кои имаат посвежа кожа водат грижа за својот ментален живот, имаат средени мисли, организиран живот, здрави животни навики и квалитетен сон.
Еве неколку совети како да го подобрите изгледот на вашата кожа и да бликате од здравје и убавина:
- Квалитетен сон
Појавата да подочњаци е симптоматична кај луѓе кои имаат нарушен сон. Квалитетниот сон значи целосен одмор, хидратација, оксигенација на телото и баланс целосен помеѓу потсвеста и свеста што е пресудно за стабилен ментален живот.
2. Внес на витамини, особено Д и Ц
Доволниот внес на витамин Ц помага да се апсорбира железо, да се потикне крвотокот и да се зајакне имунитетот. Покрај тоа витамин Ц е заслужен за нормална хидратација на вашата кожа. Внесувајте витамин Ц за кожата да не ви биде сува и испукана!
Витамин Д е заслужен за пигментација на кожата, а најголем природен извор на витамин Д е сонцето, па затоа изложувајте се почесто на сонце!
3. Избегнувајте аплицирање на агресивни хемиски препарати за кожа
Најдобро е да правите редовни третмани и маски кои се на природна база и на база на лимон што ја чисти кожата темелно, на база на маслиново или кокосово масло што даваат природна хидратација на кожата, или авокадо што содржи природна мрснина која помага во обнова на клетките од епидермисот, особено при настанување на повреда.